Крвави глави, ампутација на два прста од навивач, повредени полицајци и реми 1-1 е исходот од 151-то „вечно“ дерби меѓу Црвена Ѕвезда и Партизан одиграно на Маракана.
Никој после и пред мечот не говори за фудбалот и мајсториите на фудбалерите туку за жртвите, болката и дамката која му се нанесува на српскиот фудбал.
Црвена Ѕвезда со голот на Предраг Сикимиќ поведе со 1-0 во 84-та минута, а „црно белите“ изедначија во 94-та минута после кардиналната грешка на домашниот голман.
Разликата на табелата по 151-то „вечно“ дерби остана иста 14 бодови, а „црвено белите“ можат уште во следното коло да ја заверат титулата.
OhridNews