Од 2 септември Охрид е побогат за Железарија „Хримар Плус“, ново специјализирано место за професионалните мајстори, но и за сите кои сакаат сами да се погрижат за својот дом.

Новиот продажен центар е додадена вредност на компанијата „Хримар Инженеринг“, која веќе 20 години успешно работи на пазарот во областа на изработка и монтажа на ПВЦ и алуминиумска дограма.

Посебно место во понудата на „Хримар Плус“ зазема Milwaukee, еден од водечките светски брендови за професионален електричен и рачен алат, кој отсега е достапен и во Охрид, со ексклузивна програма во Железарија „Хримар Плус“.

Покрај Milwaukee, во продажниот асортиман се застапени производи и од други познати брендови, меѓу кои Titan, Bison, INGCO, Wadfow и Würth, со фокус на квалитетот и поволните цени.

Ако широката понуда треба да се опише наједноставно – во „Хримар Плус“ има сè за мајстори и дом.

На едно место може да се најде професионален и рачен алат, комплетна програма на штрафовска роба со исклучителен квалитет и добри цени, опрема и материјали за водовод и канализација, електрика, косилки, тримери и други машини, градинарски алат, како и широк избор на бои за различни намени.

Во понудата е вклучена и ХТЗ опрема за професионалци и мајстори, меѓу која специјални работни обувки, панталони и друга заштитна опрема. Асортиманот постојано ќе се дополнува и проширува со нови производи.

Железарија „Хримар Плус“ се наоѓа на улица „Стив Наумов“ во Охрид, веднаш по кружниот тек на крстосницата со булевар „Туристичка“, кај „Тамаро“.

Работното време е од понеделник до сабота, од 8:00 до 19:00 часот.

„Хримар Плус“ – сè за мајстори и дом

OhridNews Promo