
Политичари, интелектуалци, граѓаѓани, дебатираат за актуелните случувања во земјава по немилите настани што се случија пред и во Собранието на Република Македонија за време на донесувањето на буџетот на државата.
Граѓанскиот парламент е една од формите преку кои Здружената опозција го искажува револтот кон актуелната власт за последните случувања во државата, со кои според неа, се погазиле Уставот и парламентарната демкратија во земјата.











