Во паркот  кој се наоѓана на пресекот на улиците „Јане Сандански„ и „Даме Груев“, во близина на кружниот тек,  деновиве се поставува систем за наводнување со што овој парк ќе добие трајно решение  во поглед на полевањето на садниците и тревниот дел.

– По завршувањето на поставувањето на ситемот за наводнување, ќе се пристапи и кон целосно реконструирање на тревната површина и засадување на украсни садници и сезонско цвеќе, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Новото парковско решение е дел од проектот „Охрид-град на цвеќето 2012“.