Во Струга денес во 17 часот ќе биде отворен Новогодишниот базар на платото пред споменикот „Моме оди на вода“ кај Чаршискиот мост. Од Општина Струга најавуваат вкусна храна, празнична забава и многу насмевки.

Базарот е место за дружење, радост и убави моменти – за деца, семејства и сите генерации. Дојдете да уживаме заедно во топлата празнична атмосфера и да ја започнеме новогодишната магија онака како што доликува – со смеа, музика и заедништво, велат.

OhridNews