Учениците од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид вечерва ќе го одржат традиционалниот Новогодишен концерт.
Во рамки на програмата која е годинава инспирирана од безвременските хитови од најубавите анимирани класици на Дизни, ќе настапат учениците под менторство на професорите.
Концертот ќе се одржи во хотел „Инекс Олгица“ (Дијамантска сала) со почетокот во 19 часот, а влезот е слободен.
OhridNews