Учениците и наставниците од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид ќе го одржат традиционалниот Новогодишен концерт на 23 демекври.
Ве покануваме на свечен новогодишен концерт „Ехо од Македонија“, на кој учениците и наставниците ќе Ве поведат на музичко патување низ македонската традиција и уметност. Да ја прославиме Новата година заедно, со звукот на Македонија, велат од училиштето.
Концертот ќе се одржи во хотел „Инекс Олгица“ (Дијамантска сала) со почетокот во 19 часот, а влезот е слободен.
OhridNews













