Љубителите на хорското пеење вечерва ќе може да уживаат во богатата музичка програма на Новогодишниот концерт на Охридскиот градски хор, кој ќе се одржи во Центарот за култура ,,Григор Прличев”.
Диригентот на хорот Александар Димоски, вели дека концертот нема да биде во класичен стандарден формат.
-Влезот за вечерашниот концерт е слободен и очекуваме истиот да биде едно убаво дружење со публиката. Ќе бидат изведени 10-тина најпознати божиќни песни. Освен настапите на хорот, во рамки на програмата планирани се и неколку соло изведби, како и настап на неколку музички гости од охридското музичкото училиште, најавува Димоски.
Тој потенцираше дека градскиот хор до сега има организирано неколку годишни концерти во Охрид, но за прв пат пред охридската публика ќе настапи со новогодишна програма.
OhridNews