Традиционално и оваа година „Home center“ на компанијата „Ангел Тренд“ кој е сместен во деловниот комплекс кај кружниот тек на ул „15 Корпус“, наспроти ЕМУЦ, организира Новогодишен саем со големи попусти за портошувачите.

 

За посетителите во периодот до 9 ноември, недела, има од 15% до 30% попуст на новогодишниот асортиман на производи, како и 10% попуст на целиот асортиман. Воедно, за купувачите се нуди и закуска со пица и пијалaк.

Потрошувачите можат да изберат од богата понуда на новогодишни производи како декоративни украси, елки со различен дизајн и големини и бројните разновидни светлосни украси.

Покрај тоа во „Home center“ може да се купат и различни производи за домаќинство, квалитетни производи и играчки од светски брендови, предмети за уредување на домашни паркови и тераси, теписи, стази, санитарија, осветлување и долна облека и постелнини од познати македонски компании.

OhridNews