Годината која е на прагот од заминување не можеше подобро да заврши, а годината која доаѓа не можеше подобро да започне за мак-ракометот откако најдобриот клуб во Македонија и Европа, Вардар назначи македонскиот стручњак за нов тренер. „Црвено црните“, го официцијализираа договорот со Стефче Алушовски.

Aлушовски на позицијата тренер ќе го наследи Едуард Кокшаров кој привремено ја извршуваше функцијата после отказот на шпанскиот стратег Писонеро. Легендата на македонскиот ракомет, Алушовски после десет години ќе се врати во Вардар каде последниот меч го одигра во 2010 година.

Голема чест и вистински предизвик е да се биде предводник во клубот што зад себе има две шампионски титули во три години. Клубот во кој играв 10 години, бев капитен и освоив вкупно 11 титули секогаш имал големо место во моето спортско срце. Верувам дека ќе продолжиме на победничкиот пат. Размислуваме како подобро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Се надевам повредите и малерите ќе не одминат и ќе можеме да ја оствариме зацртаната цел. Секогаш е тешко да се одбрани она што е освоено, но имаме позитивна мислам и добра мотивација. – изјави за клупскиот сајт на Вардар, Алушовски.

Нов член во семејството на Вардар

После 10 години повторно во Вардар. Со 11 трофеи зад себе како дел од „црвено-црните“ повторно во вардаровото семејство

Geplaatst door RK Vardar op Dinsdag 31 december 2019

Во текот на тренерската кариера Алушовски исклучиво работеше со македонски екипи. На почетокот од кариерата го предводеше Пелистер, а потоа беше дел од Еурофарм Работник.

OhridNews