Во празнична атмосфера, изминатава среда на 31 декември, пред канцелариите на финансиското друштво MoneyMAX, се одржа новогодишна промоција која донесе радост и насмевки кај најмладите. Дедо Мраз и неговиот верен помошник израдуваа многу дечиња со новогодишни пакетчиња, а во соработка со Црвен Крст, дел од нив беа донирани за семејствата од социјално ранлива категорија.
Со оваа акција, MoneyMAX ја потврди својата посветеност кон заедницата и солидарноста во празничниот период. Освен за најмладите, имаше и симболични подароци за возрасните кои ја заокружија празничната атмосфера.
Новата година ја започнуваме со порака за хуманост, радост и заедништво! – велат од MoneyMAX. На сите граѓани им посакуваат среќни празници и успешна година исполнета со убави моменти!
Новогодишна магија пред канцелариите на MoneyMAX
OhridNews I PR
































