
-Новата година од безбедносен аспект мина беспрекорно добро. Не е регистрирано ниту едно нарушување на јавниот ред и мир, ниту сообраќајна незгода.-изјави за OhridNews портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Тој информираше дека за дочекот на Новата година во Охрид биле распоредени дежурни полициски екипи и сообраќајни полицајци, кои за среќа, во највеселата ноќ останаа без работа.











