По повод новогодишните празници, четврти пат по ред, членовите од Хуманитарното здружение на Ромите „Светлина 2007“ им доделија пакетчиња на децата во Одделението за педијатрија при охридската Општа болница.

– Децата се најдрагоценото нешто и затоа секоја година одвојуваме дел од скромниот буџет за да им подариме новогодишни пакетчиња на децата кои се овде се згрижени и се лекуваат, изјавија од здружението „Светлина 2007“.

OhridNews