Во пресрет на новогодишните празници, претставници од компанијата „Тинекс“ денес го посетија основното училиште „Св. Климент Охридски“ каде се згрижени деца со посебни потреби и им поделија новогодишни пакетчиња.Оваа активност е дел од караванот на „Тинекс“ со кој предвидено е да се поделат вкупно 1500 новогодишни пакетчиња во училишта и установи за згрижување на деца со посебни потреби и од ранливи групи низ целата држава.

–    Ова е новогодишен караван кој за прв пат го спроведуваме годинава како заокружување  на сите донации кои сме ги имале во текот на 2012, меѓу кои донации во здравството,  образованието, културата, спортот .Ова е само една од активностите кои ги реализираме за деца со посебни потреби. И порано ги организиравме, но нема да ги заборавиме и во иднина, изјави Лиле Жилеска, маркетинг менаџер во „Тинекс“.

Во рамки на караванот на „Тинекс“ предвидено е да се посетат 25 институции како дневни центри, здруженија, училишта, заводи за рехабилитација и здравствени установи за грижа и згрижување на деца кои имаат посебни потреби во 11 градови во Македонија.

Новогодишниот караван е дел од активностите во платформата „Тинекс, ти и јас“.

OhridNews