Изминатите 12 месеци беа исполнети со многу важни моменти, низа предизвици и храбри чекори. Остваривме многу зацртани цели. Една од најзначајните беше финансиската консолидација на општината, благодарение на владата. Ова го истакна градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески во новогодишното обраќање до граѓаните,.

По речиси две децинии конечно ќе имаме одблокирана сметка, а тоа значи повеќе средства за развојни проекти и пристап до европските фондови. – рече во новогоднишното обраќање Георгиески.

Основањето на новото државно јавно претпријатие кое ќе управува со колекторскиот систем кој ќе биде целосно рехабилитиран, како и битката за зачувување на УНЕСКО статусот на Охрид, според Гепргиески, се меѓу клучните работи кои ја одбележаа годината што измина.

Во новата година Градоначалникот најави реализација на големи проекти за кои се обезбедени средства во Буџетот, како што се реконструкцијата на улиците „Македонски Просветители“, „Прва Македонска ударна бригада“, „Абас Емин“, „Охридска бригара“ и „Марко Цепенков“.

Ќе продолжиме да работиме за доброто на нашиот град со една заедничка цел: Охрид да прерасне во урбан и туристички центар кој ќе понуди подобри услови за живот за нас и за идните генерации. – истакна во новогодишната честитка градоначалникот Константин Георгиески.