Оваа година донесе многу неизвесност за сите нас соочувајќи не со пандемија која тектонски го промени нашето секојдневие. Комуницираме, работиме и се дружиме на сосема поинаков начин, промени кои беа тешки, но нужни за да го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите нејблиски. Ова го истакна градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески во новогодишното обраќање до јавноста.
Покрај сите тешки моменти оваа година научивме важни лекции и се потсетивме на вистинските вредности. Се потстетивме дека здравјето е најважно и мора да го чуваме, дека солидарноста меѓусебната поддршка се вредност која мора да ја негуваме. Научивме дека во животот промените доаѓаат неочекувано и мора да ги прифаќаме. Научивме дека и секоја криза е нова можност од која треба да извлечеме поука за да продолжиме напред. – рече Георгиески.
И покрај кризата, додаде Георгиески, Општина Охрид во годината што измина ги реализира зацртаните проекти и ги поддржа најпогодените сектори.
Туризмот кој е клучна стопанска гранка за охриѓани беше на силен удар. Како општина и влада соодветно одговоривме со поддршка за туристичките работници и компаиите. Општината ги субвенционираше приватните станоиздавачи и сега 80% од туристичката такса се враќа кај охриѓани. Проектите за уредување на градежно земјиште беа во полн ек годинава што изминува. Неуморно работиме на целосна реконструкција на улиците 15 Корпус и Абас Емин, кои се исклучително важни капитални инвестиции на нашата општина, а комплетно реконструирани беа улиците: Марко Цепенков, Охридска Бригада, Прва Македонска Ударна Бригада, дел од улицата Даме Груев во населбата Христо Узунов и беше изградена нова улица во поранешната касарна. – истакна Георгиески.
Георгиески ги истакна и инвестициите во образованието, кои, како што рече, се значителни за што говорат големиот број проекти за подобрување на условите за учениците. Се субвенционираше купување на велосипеди и клима уреди, проекти кои за прв пат беа спроведени во Охрид. Во 2021 година ќе има многу нови крупни проекти за граѓаните, најави тој.
Во 2021 не очекуват уште подобри и корисни проекти за граѓаните. Кејот комплетно ќе се реконструира, а улиците Јане Сандански, 7 Ноември, Будва, Прилепска, Славеј Планина и Македонски просветители ќе добијат нов лик. – најави Градоначалникот.
Пред нас се подобри времиња, во 2021 не очекува напредок и враќање на животот во нормала, додаде Георгиески, посакувајќи им на граѓаните им посака многу здравје, мир и успех во Новата година.
Г.М.