2017 беше година во која доживувавме тешки премрежјa, но благодарение на мудроста на народот успеавме да излеземе од една тешка политичка криза и да почнеме да градиме еден нов Охрид. Се надевам дека во 2018 година сложно сите заедно ќе успееме да ги реализираме приоритетите за подобар Охрид, вели во новогодишното обраќање градоначалникот на Охрид Јован Стојансоки.
-Се надевам дека конечно Охрид ќе добие гасификација, а граѓаните ќе имаат пониски трошоци во домаќинствата. Се надевам дека ќе ги отпочнеме и завршиме проектите кои се од големо значење за нашиот град, пред се еколошките проекти од сливното подрачје и Студенчишко блато кое треба да биде заштитено и ставено во функција на одржлив развој. Во изминатите два месеци покажавме дека сме отворена општина која заедно со граѓаните сака да ги решава проблемите. Во 2018 година сите заедно, граѓаните за општината, општината за граѓаните ќе направиме Охрид да биде уште подобар и да ги реализираме сите зацртани плански и програмски активности. – рече во празничната честитка градоначалникот Јован Стојаноски.
OhridNews











