Апаратурата е инсталирана, поставени се болничките кревети и сиот потребен инвентар.
Се очекува во текот на наредните неколку дена министерот за здравство, Никола Тодоров, со пригодна свеченост да го означи и официјалниот старт со работа на објектот во кој на 5300 метри квадратни ќе функционираат хируршкото одделение, урологија, гинекологија, одделението за уво грло и нос.
Новиот здравствен објект е изграден според сите најнови стандарди во делот на медицината, што ќе овозможи подигнување на квалитетот на здравството во Охрид и поширокиот регион.