Како што информираат од болницата, опремата е поставена и инсталирана, а во тек е финалното доопремување и доекипирање на кадарот кој ќе работи во овој дел од болницата.

Во новото крило кое се протега на 5300 метри квадратни ќе функционираат хируршкото одделение, урологија, гинекологија и уво грло и нос.
Како што беше кажано при неодамнешната посета на министерот за здравство, Никола Тодоров, новиот здравствен објект е изграден според сите најнови стандарди во делот на медицината, кои ќе овозможат подигнување на квалитетот на здравството во Охрид и поширокиот регион.











