Фудбалерот на Баерн Минхен, Даглас Коста е прогласен за најдобар играч во Бундес лигата од страната на фудбалерите.
Вкупно 244 играчи гласаа во изборот за најдобар во германската лига, а најголем број од гласовите доби бразилскиот интернационалец во редовите на Баерн Минхен.
Во трката фудбалерот за врска ги совлада соиграчите од Алијанц Арената, Томас Милер и Роберт Левандовски и Пјер Емирик Обамејанг.
По доаѓањето од Шахјтор, Бразилецот веднаш се наметна кај Пеп Гвардиола забележувајќи 12 асистенции во првата полусезона.
Ohridnews











