Бразилскиот дефанзивец Данило од Порто за 31,5 милиони долари премина во Реал Мадрид. Тој ќе го носи дресот со број 23, а Иско кој беше сопственик на оваа бројка го замена со 22.


– Им благодарам на сите кои ми овозможија да го доживеам овој ден. Исто така сакам да им се заблогадарам на навивачите од Реал Мадрид кои топло ме примија. Ова е остварување на детскиот сон и секако најубавиот ден во мојот живот. – рече Данило кој потпиша шест годишен договор.

Репрезентативецот на „кариоките“ беше видливо возбуден на официјалното преставување и неможеше да жонглора нешто што е заштитен знак на бразилците.

Мх.П.