– Во ситуација сме кога најголемиот број родители бараат детето да им биде згрижено во централниот објект на градинката или пак во објектот „Билјана“, поради што во овие два објекти доаѓа до три пати поголем број на згрижени деца, за разлика во останатите каде недостигаат деца во групите. Поради тоа,ќе се врши распределување на децата по реонизација, односно според адреса на живеење, објаснува ВД директорката на ЈУДГ „Јасна Ристеска“, Роза Костоска.