Поради зголемената опасност од шумски пожари и согласно препораките на Владата на С. Македонија, Јавната установа Национален парк Галичица воведува мерки за контролирано движење низ шумските подрачја.

Овие мерки имаат за цел да ја заштитат природата, да спречат пожари и да овозможат безбедно уживање во паркот за сите посетители. Посетителите можат да ја регистрираат својата посета и да добијат дозвола за движење низ шумските подрачја на паркот, информираат од НП Галичица.

Во оваа насока треба се пополни пријава во електронската форма, по која би се добилa автоматска е-мејл потврда, која треба да се зачува и да се прикажете на овластено лице доколку биде побарана.

Вашата регистрација значи одговорност и придонес за зачувување на шумите и биодиверзитетот на Галичица, порачуваат.

Инаку, од денес е воведена целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува ЈП Национални шуми поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор и истата ќе трае до 31. 08. 2025 година. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение.

Воедно, за непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра.

Н.С.Ј.