Оваа година и теоретскиот дел се одвиваше на терен, односно во планинската куќа Асан Џура. На обуката присуствуваа 14 водичи и тие добијат сертификат од страна на паркот и во иднина непречено ќе можат да водат туристи во националниот парк.

Ваквата обука ќе продолжи и во иднина, затоа што бројот на туристи во паркот постојано се зголемува, а целта е туристите да добиваат високо квалитетни информации за вредностите на паркот. Исто така, со донесување на подзаконските акти од законот за заштита на природата, кои се во процедура, во блиска иднина Организираното водење на групи во паркот ќе може да се изведува само преку туристички водичи кои поседуваат сертификат издаден од Јавната Установа Национален парк „Галичица“.

Овие активности се во насока на регулирање на работата на туристичките водичи на територијата на Национален парк „Галичица“ и унапредување на квалитетот на понудата за туристите.













