Со банери, флаери и информативни табли, Националниот парк „Галичица“ ќе предупредува на опасноста од пожари кoја поради високите температури е особено голема во летниот период.


Покрај ова, како што беше договорено неодамна на состанокот на Советодавната група граѓани во Пештани, на кој покрај месното население присуствуваа и претставници на Националниот парк, СВР Охрид, Шумската полиција и Регионалниот центар за управување со кризи, во летниот период ќе се интензивираат контактите со излетници и туристи, сточари и со другите посетители во Националниот парк „Галичица“ и во другите шумски појаси, со цел превентивно да се делува и да се спречи настанување на пожари.

OhridNews