„Би сакал да ја уверам јавноста, дека нема никаква опасност доколку туристите и граѓаните се движат по обележаните патеки на планината „Галичица.“ – изјави Оливер Аврамоски од НП „Галичица“, на вчерашната еко-трибина, која се одржа во НУ „Григор Прличев“ – Охрид.
Според него, точна е констатацијата дека во некои делови на планината можат да се пронајдат остатоци од воена опрема која датира од балканските војни, но обележаните патеки во НП „Галичица“ се чисти и бесопасни.
„Би сакал да ве уверам дека во моментов во НП Галичица постојат километарски патеки обележани за различна намена, претежно пешачки и велосипедски. Тие се направени по современи стандарди. Во нашите контакти со туристите, им препорачуваме да се движат по нив. По цела нивна должина како што сме ги бележиме метро по метро, не е најдена никакв направа која е опасна.“ – вели Аврамоски.
Тој истакна дека во соработка со надлежните органи и стручните служби, во минатото се лоцирани и изнесени ваквите опасни предмети.
„Доколку оние кои се движат по планината забележат некој таков објект, треба да не известат за заедно со службите да стапиме во акција и го решиме проблемот. Така да, сакам уште еднаш да ве уверам дека нема реална опасност ни по оние делови од планината, каде луѓето почесто се движат.“ – истакна Оливер Аврамоски од Националниот парк „Галичица“.
OhridNews