Со рецепти за здравје во Охрид, препишани од Д-р Кочоска кандидат од советничката листа на НСДП започна денешната средба на НСДП со новинарите.
– Жалосно , ама вистинито е дека некој постојано се труди да ни го прикаже секојдневието во сите сфери од општественото живеење, дека е безгрижно , мислиш рози цветааат насекаде, како кај нас во Македонија во Охрид проблеми постојат, ама тие се толку минорни и мали што лесно се решаваат. Некој постојано се труди да Ви каже дека во светот на боите постојат само белата и црната, а ние треба да поверуваме дека нијансите се избришани и небитни. Тоа не може да биде така. Реалноста е поинкава– истакна Д-р Кочоска.
– Централно место во нашата програма му е дадено на човекот без разлика на неговата возраст, пол или верска припадност. Секој има потреба за егзистенција и чувство на сигурност и заштита во сите сфери на живење рече – Д-р. Кочоска.
Охрид мора да биде град на здрави луѓе -рече каднидатот за градоначалник Ацо Попоски кој уште еднаш го истакна задоволството што нивната програма е широко прифатена од останатите канидатити и сите ја користат.
Од НСДП информираат дека секоја вечер од 19.30 до 20.30 часот на отворената телефонската линија 251-676 охриѓани ќе може да разговараат со кандидатот за градоначалник Ацо Попоски и носителот на листата Верица Хајба.











