Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од денес го враќа старото – стандардно време за работа со читатели.
Пултот за зајмување книги од понеделник до петок ќе работи од 8 и 30 до 18 и 30 часот. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката, информираат од Установата.
Потсетуваат дека за учениците годишната членарина чини 200 денари, а за возрасни 300 денари.
Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции, додаваат во соопштението.
OhridNews