По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во охридската библиотека беше отворена изложба на литература посветена на животот и делото на просветителите.

Во истиот термин во соработка со Средното економско училиште „Св Кирил и Методиј“ од Охрид кое го слави патронот во присуство на ученици од училиштето професорката по македонски јазик  од истото  училиште Марија Симјаноска  одржа предавање посветено на мисијата на солунските браќа  и нивното значење за нас и за целиот словенски свет.

Ученичката Ивана Ническа прочита дел од словата посветени на браќата Кирил и Методиј. Професор д-р Павле Митрески се наврати на сопствените истражувања во Далмација во околината на Цавтат а делови од неговиот истражувачки труд посветен на 1000 годишнината од Моравската мисија презентираше Христина Трпеска, вработена во библиотеката.