„Сите книги во библиотеката се заштитени, односно не е како што се кажува дека тие се чуваат во несоодветни услови.“ – изјави директорката на НУ Градска библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, Александра Белевска, демантирајќи ги обвинувања кои вчера беа упатени на протестот што го организираше општинската организација на СДСМ пред оваа установа.

„Во просториите има навлажнувачи и освежувачи кои ги обезбедуваме преку проект кој ни го одобрува Министерството за култура, кој веќе две години сме обврзани да го спроведуваме.“ – додава Белевска.
Инаку, во текот на вчерашниот ден Здружената опозиција предводена од СДСМ, одржа протест пред градската библиотека во Охрид, истакнувајќи дека книжниот фонд во оваа државна институција е несоодветно сочуван.
OhridNews











