НУ Завод и Музеј Охрид со своите музејски објекти и локалитети, влезе во конкуренција за наградата Жива 2025 (Best Slavic Heritage Site)– Најдобар локалитет на словенското наследство, а се однесува на прославување на местата на културно наследство кои одразуваат исклучителна историска, уметничка и културна вредност, а воедно имаат одржливи практики.

Наградата Жива 2025 „Најдобро словенско наследство“ има за цел да ги препознае најдобрите практики на музеите и локалитетите и го истакнуваат нивниот напредок и го поттикнуваат учеството и конкуренцијата и се важни транснационални културни платформи кои промовираат дијалог, комуникација и вмрежување, размена на идеи, знаење и искуство – во однос на нивното управувањето, заштита и промоција на колекциите, нивната општествена улога, услугите и посветеноста на јавното добро преку поттикнување на иновациите, креативноста и инклузивноста, потенцираат од НУ Завод и Музеј Охрид.

Во оваа насока, посочуваат од Установата, биле домаќини на стручно жири составено од Каролина Здравиќ, музејски советник од Љубљана, Словенија и Неда Кнежевиќ, директор на Музејот на Југославија во Белград, Србија, во соработка со Форумот на словенски култури на кои им било претставено богатство и работата на институцијата, заради конструктивна и успешна евалуација во процесот на селекција.

OhridNews