Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ја одликува Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје, со „Орден за заслуги за Македонија“, по повод 70-годишнината од нејзиното формирање.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје се одликува со „Орден за заслуги за Македонија“, за исклучителни резултати во својата седумдецениска работа во собирањето, зачувувањето и презентирањето на македонското духовно творештво, со што даде значен придонес во развојот на образованието, науката и културата, како и за севкупниот општествен развој на Република Македонија и нејзина афирмација во светот.

На свеченоста во НУБ ќе присуствува и Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

OhridNews