Американскиот дневен весник Њујорк Тајмс ја вброи Македонија на 10-то место, за топ 52 дестинации кои треба да се посетат во 2015 година. Во текстот, Македонија се опишува како нова дестинација од Западен Балкан која привлекува се повеќе внимание, веднаш по Хрватска, Црна Гора и Албанија.

-Позната по своите манастири и пенливото Охридско Езеро, оваа поранешна југословенска република е погодна за авантура. На планината Шар Планина може да се организираат тури за пешачење, а Македонија е позната и по винската индустрија. Голем број на помали хотели служат традиционални супи и тестенини како пастрмајлија, месо и пита, пишува меѓудругото во краткиот промотивен текст за македонските туристички потенцијали.

Во него се напоменува дека Македонија има евтини цени за сместување и е една од ретките места каде што нема ресторани од ланецот Мекдоналдс и дека сите тие се затворени во 2013 година.

OhridNews