Еден од култните тимови во англискиот фудбал, Њукасл експресно по само една сезона помината во Чемпионшип се врати во Премиер лигата.


Популарните „страчки“ во 44-та рунда со 4-1 ја совладаа екипата на Престон и математички го заверија пласманот на една од првите две позиции на табелата кои водат во елитата.


Едно коло претходно пласманот во Премиер лигата го обезбеди и тимот на Брајтон кој за пет години успеа од третата лига да стигне во најпрестижното фудбалско друштво во колевката на фудбалот.

OhridNews