Аргентинскиот интернационалец Јонас Гутиерез го победи ракот се врати на терените и со погодок го спаси Њукасл од испаѓање во Чемпионшип, а клубот го награди со предвремен раскин на договорот.
Навивачите и самиот фудбалер преку социјалните мрежи го нападнаа сопственикот Мајк Ешли, кој подолго време е непосакуван гостин на „Сент Џејмс Парк“.
Гутиерез во одлучувачкиот натпревар во Премиер лигата со Вест Хем асистираше и погоди за победа 2-0 на „страчките“ што значеше опстанок.
Веднаш по објавувањето на оваа информација лутите навивачи потпишаа петиција за враќање на Гутиерез во составот на Њукасл.
Ohridnews