Екипите на Њукасл и Манчестер Сити ги поделија бодовите во мечот на Сент Џејмс Парк ремизирајќи 1-1 во натпреварот од 34-та рунда во Премиер лигата.


Бодот освоен од дуелот не му оди на никој во прилог бидејќи домаќинот грчевите се бори за опстанок, а „граѓаните“ го враќаат градскиот ривал Манчестер Јунајтед во игра за 4-то место на табелата.

Највозбудливите моменти се случија во првиот дел од мечот. Гостите го отворија резултатот со голот на Серхио Агуеро во 14-та минута, а после половина час игра домаќините изедначија преку Анита.


Њукасл стигна до 29-от бод сезонава и се наоѓа во опасната зона додека Сити со 61 поен ја држи третата позиција со бод предност од Арсенал и пет од Јунајтед кои имаат по меч помалку. 

OhridNews