Третиот пораз во серија инаку вкупно шеснаесетти сезонава ги закова „страчките“ на претпоследната позиција на табелата во Премиер лигата и ја загрози позицијата на Стив Мекларен.


Ниту зимските засилувања не му помогнаа на Њукасл да ја преброди резултатска криза која го следи од почетокот на сезоната во најсилната лига во Англија.


Мекларен е пред разрешување од функцијата, а за негов наследник се споменува поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс. Шкотскиот стручњак моментално е без ангажман откако минатата година доби отказ од Реал Сосиедад.


До крајот на Премиер лигата остануваат уште девет меча и исто толку надеж за навивачите кои се бесни на стручниот штаб, фудбалерите, а најмногу на управата на клубот за нерационалните потези неколку години наназад.

OhridNews