Екипата на Њукасл освои значајни три бодови во трката за опстанок во Премиер лигата победувајќи го Манчестер Јунајтед (1-0) во 27-та рунда од шампионатот.
„Црвените ѓаволи“ доминираа во текот на мечот, направија три-четири прилики кои не ги реализираа. Домашниот состав сурово ги казни гостите за не искористени шанси постигнувајќи погодок преку Мет Ричи кој на крајот се покажа доволен за победа.
За Манчестер Јунајтед ова е втор пораз во серија на гостински терен, додека Њукасл прв пат сезонава славеше над екипа која се наоѓа во првиот дел од табелата.
OhridNews