Пред празни трибини на арената “Филип Втори“, Македонија во последниот натпревар од квалификациите ремизираше со Словачка играјќи 1-1. Пирошка ги доведе во водство гостите во 54-та минута по грешката на Шиков, бод за “црвено жолтите“ донесе Новески во 79-та минута. Македонија со осум бодови циклусот квалификации за ЕП во Полска и Украина ги заврши на скромното петто место.


“Десеткуваниот“ состав на Македонија, мечот го започна со дефанзивна формација, селекторот на Словачка, Мирослав Вајс се одлучи за нешто поотворена варијанта. Очекувано словаците го диктираа темпото на игра, првата шанса ја имаа кога Кучка биеше над голот. “Црвено жолтите“ во првиот дел се заканија преку Тричковски од слободен удар, шутираше силно, голманот на Словачка, Муха беше на висина на задачата.

Вториот дел донесе повеќе возбудувања, во 54-та минута долга топка во срцето на казнетиот простор, недоразбирањето помеѓу Шиков и Богатинов со погодок го казни Пирошка. Примениот погодок го “скрши“ македонскиот мозаик а шансити пред голот на Македонија, се редаа како на филмска лента. Благодарение на Богатинов кој ги одбрани ударите на Пирошка, Вајс и Пекарек резултатот остана 1-0.
 
Серијата измени во Македонија колку толку ја живна играта. Во 79-та минута усчеди соло продор на Тричкоски кој изнудува корнер. Токму “тричко“ нафрлува топката ја закачи нововлезениот Иваноски која стигна до Новески кој ја спроведе во голот на Словачка.

Со нерешениот резултат репрезентациите на Македонија и Словачка се задоволија и во последните десет минути од мечот не се случи ништо посериозно пред обата гола.

Македонија ги заврши најлошите квалификации во историјата. Петтото место е премалку за “црвено жолтите“ кои на почетокот најавуваа пласман на ЕП но испадна сосема спротивно. Едно се желбите друго се можностите.

Мх.П.