Првото светско клупско првенство што се игра во САД, беше отворено со реми без голови на Ал Ахли и Интер Мајами на Лео Меси. Средбата се одигра ноќеска во Мајами.


Но, веќе во вториот натпревар паднаа десет гола. Баерн Минхен до врв ја наполни мрежата на Оукленд сити, совладувајќи го со 10:0.


Првиот ден на Светското клупско првенство ќе биде заокружен со европското дерби помеѓу актуелниот освојувач на Лигата на шампиони ПСЖ и Атлетико Мадрид. Средбата се игра во 21 часот по европско време.

Сите натпревари на клупскиот Мундијал може да се следат бе сплатно на стриминг платформата Дазн со која ФИФА склучи договор.

Наградниот фонд на првенството на кое учествуваат 32 екипи е 1 милијарда долари.

Г.М.