Без победник и без голови 0-0 заврши тест средбата меѓу Охрид и Тирана, одиграна на градскиот стадион при СРЦ “Атина Бојаџи“.


Натпреварот во поголемиот дел од мечот мина во игра на средината на теренот, без посеризни прилики пред двата гола.


Мирниот натпревар актерите на мечот го расипаа во самиот финиш кога главниот судија Маркоски мораше да ги “лади“ со црвени картони.

М.П.