Реал Мадрид и Барселона идентично ремизираа (1-1) во дерби средбите со Виљареал односно Атлетико Мадрид во петтата рунда од шпанска Ла Лига.


Каталонците беа поблиску до триумф во мечот со „јорганџии“, откако по првиот дел имаа водство 1-0 со голот на Иван Ракитиќ. Бројките на семафорот ги изедначи Ангел Кореа по катастрофалната реакција на Хавиер Маскерано во одбраната.

„Кралевите“, пак, имаа негатива по првото полувреме, а во второто успеаја само да ја анулираат предноста на противникот и да освојат бод.

Резултати: Селта Виго – Спортинг Хихон 2-1, Реал Мадрид – Виљареал 1-1, Барселона – Атлетико 1-1, Гранада – Атлетик Билбао 1-2, Реал Сосиедад – Лас Палмас 4-1.

OhridNews