Случајот бил пријавен денеска во 13.15 часот, во СВР Охрид и Езерската полиција. Според пријавата И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца.
Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Неофицијално сега исчезнатиот нуркал на голема длабочина со уште едно лице.
Г.М.
Фото: Архива












