И оваа година нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година.
Со палењето на оганот под вода нуркачите од „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – Денот на рибарите.
OhridNews











