Нуркачи од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид учествуваа на еколошката акција за чистење на цврст отпад што се одржа во Дубровник Р. Хрватска.

На акцијата учествуваа околу 150 нуркачи од повеќе земји, а нуркачите од Амфора 15 години се учесници на овие еколошки акции. Одлично сместување, добра храна, дружење, размена на искуства, забава и прекрасни нуркања беа само дел од овој настан. Соработката меѓу Охрид и Дубровник продолжува, велат од „Амфора“.

Додаваат дека во овие акции со поддршка традиционално се вклучени туристичката заедница на Хрватска, Општина Дубровник, хотелиери, Средно туристичко училиште Дубровник и голем број на организации кои акцијата финансиски ја поддржуваат.

Акцијата Дубровник Еко се организира по 25-ти пат, а организатор беше нуркачкиот центар ABYSS од Дубровник.

OhridNews