16 искусни нуркачи од полската нуркачка школа, деновиве, беа во посета на Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид.

Станува збор за искусни нуркачи кои имаа можност да изведат нуркања на најпознатите  локации  и да се запознаат со подводниот свет во Охридското Езеро. Иако не сме нуркачка дестинација како што се тропските води, сепак и Охридското Езеро си има свои убавини. Погрешно е размислувањето дека континенталните води нема што да понудат, напротив овде може да се видат охридската пастрмка, охридскиот тркалезен сунѓер, големиот број извори, праисториски населби,потонати бротчиња и што уште не, раскажува Милутин Секулоски, меѓународен нуркачки инструктор.

Нуркачкиот центар Амфора е единствен лиценциран меѓународен нуркачки центар за обука на нуркачи и инструктори, каде заинтересираните може да се стекнат со сертификат до највисоката категорија на светско ниво. Запишувањата за курсеви за нуркање со нуркачки апарат (SCUBA) и нуркање на здив на големи длабочини (Free diving) се во тек.

OhridNews