По повод Светскиот ден на водата, момците од „Ботом Тајм“ заедно со нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, го посетија Дојран и направија кратка „прошетка“ по дното на Дојранското Езеро.
Овој интернационален ден, охридските и скопските нуркачи го прославија со нивните грчки колеги, со кои веќе долго време градат добрососедски односи, а настанот го посети и претседателот на земјава, Ѓорѓе Иванов.
Инаку, Светскиот ден на водите се празнува на 22-ри март, а иницијативата била покрената во 1992 година на конференцијата на Обединетите нации одржана во Рио.
О.Т.