Во последниве пет години големата бела ајкула убила пет лица на брегот на Западна Австралија, а како одговор на тоа, тим научници од универзитетот во Западна Австралија, во сорабтка со компанијата „Shark Attack Mitigation Systems“, работеле на решение за заштита на капачите и сурферите од тие напади. По две години истражување и развој, оваа седмица во продажба биле пуштени два нивни костими за капење. Првата верзија, наречена ‘Elude’, или во превод „избегни“, ги камуфлира капачите во водата, а се произведени на основ на откритието дека ајкулите не распознаваат бои.
Втората верзија наречена ‘Diverter’ има за цел да ги одбие ајкулите од капачите со силни контрасти на црна боја во облик на пруги по оделото, што е сигнал за ајкулите дека капачите не се вкусен оброк. Оделата биле испитани на популацијата на тигрести ајкули, но не и со човек во нив. Се очекуваат и дополнителни тестирања, но оделата веќе сега можат да се набават по цена од 495 долари, што и не е премногу, доколку тоа го намалува ризикот од напад на ајкули.