Атлетската комисија на американската сојузна држава Невада ги суспендираше Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор за масовната тепачка која ја иницираа после борбата во саботата.

Дагестанецот Нурмагомедов во спектакуларна борба во УФЦ 229 во Лас Вегас го победи Мекгрегор и ја одбрани титулата во лесна категорија. Меѓутоа, борбата мина во сенка на она што се случуваше по нејзиниот крак. Нурмагомедов ја прескокна оградата и се пресмета со луѓето од тимот на Мекгрегор.

Во овој момент епилогот од тој инцидент е 10-дневна суспензија за двајцата. Суспензијата ќе почне да важи од 15 октомври. Одлуката ја потврди директорот на Атлетската комисија на Невада, Боб Бенет.

Тој дополнил и дека на 24 октомври ќе се одржи уште еден состанок на кој може да им биде продолжена суспензијата на Нурмагомедов и Мекгрегор.

За потсетување, Хабиб Нурмагомедов со победа над Конор Мекгрегор го задржа перфектниот скор во УФЦ. Дагестанецот има 27 победи во исто толку борби.

OhridNews