Со одземањето на шампионскиот појас и казна од 2 милиони долари се соочи Хабиб Нурмагомедов за масовна тепачка која ја предизвика рускиот борец после победата во борбата со Конор МекГрегор. Ирецот падна во рацете на Нурмагомедов и ја предаде борбата, а Русинот во еуфоријата место радоста да ја подели со својот стручен штаб одлучи да се пресмета со преставниците од МекГрегор.

Претседателот на „UFC“, Дејна Вајт веднаш ја донесе оваа одлука која воопшто не му се допадна на Нурмагомедов. Тој пред средбата со новинарите изјави дека е подготвен да ги прифати сите санкции само да го земе појасот кој го заслужил со победата во рингот.

– Знам дека ова не беше мој добар потег, но и јас сум човек и можам да реагирам така ниско на такви провокации. Не ги разбирам луѓето зошто имаат толку гнев кон мене. МекГрегор и неговите луѓе ја вреѓаа мојата земја, мојот народ, мојот татко и јас требаше на тоа да останам мирен и со скрстени раце. – изјави нервозно Нурмагомедов.

Двајцата од членовите на Нурмагомедов се уапсени и ќе одговараат пред судот во Лас Вегас за насилство.

OhridNews